Богата програма по повод селската слава во Глогоњ
- 06 Jul, 2025
- 10 months ago
Во Глогоњ започна одбележувањето на селската слава Петровден. Прославата започна на 5 јули со фолклорен концерт, а продолжува со Летната лига во мал фудбал.
Како што соопштија од Месната заедница Глогоњ на 7 јули во 20 часот на Спортскиот центар ќе се одиграат четвртфиналните натпревари од Летната лига во мал фудбал. Финалето на Летната лига ќе се одигра во сабота, на 8 јули во 20 часот на Спортскиот центар во Глогоњ.
Натпревар во гаѓање глинени гулаби ќе биде организиран во недела, на 9 јули во 9 часот. Истиот ден, но во 19 часот на Спортскиот центар ќе се одигра ревијален ракометен натпревар.
Во вторник, на 11 јули, во Клубот на пензионерите во Глогоњ во 16 часот ќе се одигра шаховски турнир, а од 18 часот ќе биде организирана игранка за пензионерите.
Истата вечер, во Домот на културата од 19:30 часот ќе биде одиграна детската претстава „Шумска бајка“.
На денот на славата, во вторник, на 12 јули од 6 часот, Здружението на одгледувачи на гулаби „Глогоњ ’06“ ќе организира пуштање гулаби под називот „Петровденски куп“.
Свечената петровденска литургија ќе биде отслужена од 8 часот во Црквата на Светите Петар и Павле.
Изложбата на традиционални јадења и ракотворби на здруженијата на жени ќе се одржи во 9 часот во Домот на културата Глогоњ.
Во 12 часот е закажана свечена седница на Советот на Месната заедница Глогоњ.
Прославата на селската слава Петровден во Глогоњ ќе биде завршена во вторник, на 12 јули од 21 часот со концерт на „Амадеус бенд“ во Домот на културата.
Детската претстава „Шумска бајка“ изведена во Глогоњ
Najnovije vesti
Košarkaši Partizana prvi polufinalisti plej-ofa ABA lige
- 10 Maj, 2026
- 6 minuta ranije
Loša vest za Zvezdu: Šahtjor osvojio titulu u Ukrajini i došao na korak od direktnog plasmana u Ligu šampiona
- 10 Maj, 2026
- 16 minuta ranije
Horhe Martin pobednik trke za Veliku nagradu Francuske u Moto GP šampionatu
- 10 Maj, 2026
- 24 minuta ranije
Fudbaleri Seltika pobedili Rendžers u Old firm derbiju
- 10 Maj, 2026
- 28 minuta ranije
