Качарево: Детска литературно-ликовна работилница по повод Илинден
- 31 Jul, 2025
- 9 months ago
Здружението на Македонците "Вардар" од Качарево ги поканува сите заинтересирани деца на литературно-ликовна работилница по повод Илинден. Нивната порака ви ја пренесуваме во целост:
"Драги деца,
По повод значајниот македонски празник Илинден, ве покануваме на литературно-ликовна работилница каде заедно ќе ги откриеме приказните, песните и боите од овој историски датум.
Низ работилницата ќе:
* Научите нешто повеќе за Илинденското востание
* Уживате во песните посветени на овој настан – некои ќе ги слушаме заедно за да ја доловиме атмосферата!
* Создавате вистински мали уметнички дела! Инспирирани од стиховите и музиката, со бои ќе ги оживеете вашите визии на хартија. Замислете како би изгледало Илинденското востание низ вашите очи!
Дојдете да си играме, учиме и создаваме! Ве очекува незаборавно попладне полно со историја, музика и имагинација.
Кога: Петок, 1ви август 2025 година, во 17 часот
Каде: Во просториите на здружението Вардар, М. Тито 5/а, Качарево"
извор: Vardar Kacarevo Facebook
Najnovije vesti
Nadzor nad komarcima zbog virusa Zapadnog Nila
- 25 Maj, 2026
- 26 minuta ranije
Papa Lav XIV: Neka oružja sa AI van ljudske kontrole
- 25 Maj, 2026
- 36 minuta ranije
Majli Sajrus dobila zvezdu u Holivudu
- 25 Maj, 2026
- 1 hour ago
