RTV Pančevo.

RTV Pančevo.

Radio Televizija Pančevo je preduzeće koje je registrovano za emitovanje televizijskog i radijskog programa. Radio Pančevo je počelo da radi u aprilu 1980. godine, TV Pančevo u decembru 1992. godine, dok je internet stranica RTV Pančevo prvi put postavljena 21. decembra 2009. godine.

Денови на македонската литература за деца во Белград

Тридневната манифестација Денови на македонската литература за деца 2025 во Белград, заврши со посета на Саемот на книгата во Белград и потпишувањето меморандум за соработка помеѓу македонското книгоиздателство Едука Мак и познатото српско книгоиздателство за деца Пчелица.
Вториот ден од книжевната визита за деца, беше реализирана посета на детска градинка во белградската општина Савски венац, каде со вработените во градинката беа разменети искуства поврзани со воспитанието на најмладите и нивна едукација преку литература за најмладите од предшколска училишна возраст. На сите дечиња од градинката им беа поделени сликовници и ракотворби со македонски обележја, изработени од претставничките на македонската литературна делегација.
Деновите започнаа со промоција на шест авторки на книги и сликовници, издадени од книгоиздателството Едука Мак во 2024 и 2025 година, а централен настан беше промоција на наградената книга-сликовница за деца од авторката Билјана Лотеска, чиј промотор беше проф. д-р Елизабета Бандиловска. На настанот присуствуваше и најмлада публика од нашата македонска заедница во Р. Србија, а Едука Мак на сите ним им подели пригодни подароци, сликовници и книги за деца.

фото, извор: КИЦ Белград